ТРАДИЦИЈА - ПЕРСПЕКТИВА - УСПЕХ
Што и каде ќе студирате ?
Исправени сте пред многу важна одлука. Треба да се определите за вашата животна професија и за високообразовната институција во којашто ќе студирате.
Затоа, и вашата одлука треба да биде добро осмислена и да се заснова врз вашите досегашни резултати, афинитети, амбиции.... Но, и врз вашата реална проценка за квалитетот, рејтингот, сигурноста, досегашните резултати и перспективите на високообразовната институција која треба да Ви овозможи стекнување реномирана и акредитирана универзитетска диплома.
Доколку се определите да студирате економија и бизнис, тогаш Економскиот факултет во Прилеп е вашиот вистински избор.
Зад нас се 46 години традиција и успех.
Пред нас се новите и јасни перспективи, и новите вредности и можности што Ви ги нудиме.
Што конкретно Ви нуди Економскиот факултет - Прилеп ?
Факултетот Ви нуди пет современи студиски програми, дизајнирани според европските стандарди во високото образование. Секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот, и едукација на профил на кадар во согласност со апсорпциската моќ и потребите на пазарот на работна сила во Република Македонија. Во зависност од Вашите афинитети и визии за иднината, можете да изберете една од следните студиски програми :
- Бизнис економија
- Маркетинг менаџмент
- Деловна статистика и информатика
- Меѓународна економија и бизнис
- Сметководство, финансии и ревизија
Економскиот факултет - Прилеп Ви нуди можности за натамошен професионален развој и усовршување преку организирање и на современи и атрактивни студиски програми на последипломските студии.
Кои се нашите перформанси ?
- Долга и успешна традиција
- Акредитирана високообразовна институција
- Професорски кадар од земјата и странство
- Европски Кредит Трансфер Систем
- Современа организација на наставата и целокупното работење на Факултетот
- Современи амфитеатри и предавални со извонредни услови за изведување настава со квалитетна компјутерска и аудио - визуелна опрема, со капацитет од 1800 седишта
- Современ компјутерски центар со 150 компјутерски седишта и три работни простории
- Богата библиотека и пространа читална
- Развиена меѓународна соработка
- Интернет клуб со бесплатен интернет пристап
- Обезбедена практична работа во реномирани компании
- Мобилност и размена на студенти, стипендии, награди и ослободување од партиципација
- Можности за учество во конкретни научно-истражувачки проекти
- Организирање на професионален развој и денови на кариерата
- Можности за учество на студентите во меѓународни летни школи, економијади и сл.
Придружете ни се.
Заедно да победуваме и да ја освојуваме иднината !
Почетна
Мапа на сајтот