ПРВО ВИДЕО - КОНФЕРЕНЦИСКО ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФЕСОР ОД САД НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ -ПРИЛЕП
Економскиот факултет - Прилеп, низ својот петдецениски развој во континуитет ја збогатува понудата на образовни услуги преку развој на нови и постојано осовременување на постојните студиски програми и на методите на изведување на настава, а се во насока на приближување до европските и светски стандарди.
Во контекст на претходново, на 11.12.2009 година студентите на втор циклус на студии (магистерски студии) на студиската програма Маркетинг менаџмент во рамките на предметот Маркетинг истражување, во организација на предметниот наставник проф. д-р Марика Башеска -Ѓорѓиеска за прв пат имаа прилека да присуствуваат на предавање на професор директно од САД коешто се реализира преку видео-конференциската опрема што ја поседува Економскиот факултет -Прилеп, а е набавена преку Темпус проектот за развивање докторски студии. Факултетот за таа цел комплетира една најсовремена училница со електронска табла и сите останати неопходни електронски помагала.
Предавањето го одржа професорот д-р Tom Brown од Државниот универзитет Оклахома (Oklahoma State University -Stillwater). Тој е еден од лидерите во областа на маркетинг истражувањето и добитник на голем број престижни награди и признанија за научни и истражувачки трудови објавени во највисоко рангирани светски часописи од оваа област. Исто така, професорот Brown е коавтор на учебник по маркетинг истражување со професорот Churchill кој што е и гуру во оваа област.
Контактите и целокупната организација на предавањето беше реализирана од страна на професорката д-р Марика Башеска -Ѓорѓиеска којашто веќе шест години соработува со професорот Brown, а како резултат на нејзиниот едномесечен престој на споменатиот универзитет во 2003 година.
Темата на предавањето се однесуваше на примената на еден нов современ метод за истражување на асоцијативноста (имиџот) на компаниите. Методот всушност е креиран од професорот Brown и двајца негови колеги. Студентите на постдипломски студии имаа можност да се запознаат со начинот на примена на овој метод како и да поставуваат прашања на коишто професорот Brown со задоволство одговараше. За време на предавањето, на предлог на проф. Башеска дури им беше овозможено и да го тестираат моделот од аспект на македонските потрошувачи.
Со огромно задоволство за пружената прилика во „живо" да се присуствува на едно вакво предавање, постдипломците нескриено ги изразуваа своите чувства потенцираќи дека после ова предавање се побогати за едно несекојдневно искуство што им го обезбеди Економскиот факултет и професорката Башеска и тоа не само во поглед на пренесеното знаење туку и во начинот на реализирање на истото.
Почетна
Мапа на сајтот