За нас

За нас

 

Центарот за научно-истражувачка работа (ЦНИР) претставува засебна организациска единица во рамките на Факултетот, којашто ја развива, извршува, промовира, интензивира, популаризира и поттикнува научно-истражувачката дејност, како интегрален дел на вкупната дејност на Економскиот факултет во Прилеп.

ЦНИР постои и континуирано работи во рамките на Економскиот факултет - Прилеп од 2000 година.

Работењето на ЦНИР се заснова врз Правилникот за научно-истражувачка дејност, донесен со со Одлука на Наставно-научниот совет на Факултетот на седницата одржана на ден 27.02.2004 год., со којшто се уредува научно-истражувачката дејност, начелата за извршување на дејноста, видовите и резултатите од научните истражувања, како и начинот на формирањето и распределбата на средствата од научно-истражувачката дејност на Економскиот факултет - Прилеп. Освен врз Правилникот за научно-истражувачка дејност, работењето на ЦНИР е во целост во согласност и со Законот за научно-истражувачка дејност во Р. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 46/2008) и неговите подоцнежни измени и дополнувања.

Под поимот „научно-истражувачка дејност“ се подразбира систематски организирана творечка активност, чиишто резултати содржат изворност или новина, насочена кон проширување на вкупните знаења и унапредување на науката, како и кон примена на научните сознанија и достигнувања во решавањето на економските и други видови проблеми. Таа се заснова врз следниве начела:

  • Слобода на научното творештво и неповредливост и заштита на личноста и достоинството на човекот;
  • Автономност на научно-истражувачките работници во вршењето на научно-истражувачката дејност;
  • Етичност на научно-истражувачките работници во вршењето на научно-истражувачката дејност, како и при користењето и примената на резултатите од научно-истражувачката дејност;
  • Професионалност и одговорност при извршувањето на научно-истражувачката дејност;
  • Примена на разновидни научни мислења и методи;
  • Спремност за соработка во меѓународни рамки.

Досегашни раководители на ЦНИР беа:

1. проф. д-р Ристе Ристески (2000/01 - 2003/04)

2. проф. д-р Коста Сотироски (2004/05 - 2007/10)

3. проф. д-р Димитар Николоски (2010/11 - 2013/14)

4. доц. д-р Илија Христоски (2014/15 - 2015/16)

5. проф. д-р Анета Ристеска Јанкулоска (2015/16 - 2018/19)


Економски факултет – Прилеп
Центар за научно-истражувачка работа
Тел.: 048 427 020 лок. 200
E-mail: cnir@eccfp.edu.mk
www.cnir.eccfp.edu.mk