Соопштенија


29 Август 2017

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

Напомена:
Право на упис во вториот и во третиот уписен рок, покрај кандидатите со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. 

симни документ


21 Август 2017

Соопштение

Деловен англиски јазик - устен испит

Усниот испит ќе се одржи на 29.08.2017г. (вторник) од 10:30ч. во кабинет бр.26.

Усниот испит е задолжителен за сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

Студентите кои имаат потреба од консултации или увид во тестовите можат да се јават во следниот термин: 24.08.2017 (четврток) од 10:30-11:00ч. во кабинет бр.26.


14 Август 2017

Се известуваат студентите на коишто им се совпаѓа полагањето на ПРАКТИЧНИОТ ДЕЛ по предметите БАЗИ НА ПОДАТОЦИ и ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ, дека на ден 23.08.2017 (среда) во 11:30 часот ќе се полага само ПРАКТИЧНИОТ ДЕЛ по БАЗИ НА ПОДАТОЦИ. За овие студенти полагањето на ПРАКТИЧНИОТ ДЕЛ по ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ се закажува наредниот ден, на 24.08.2017 (четврток) во 11:30 часот, во Амфитеатар бр. 3.

За сите останати студенти кои полагаат еден од двата предмети, ПРАКТИЧНИОТ ДЕЛ (за кој било од двата предмети) ќе се одржи на ден 23.08.2017 (среда), а ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ на ден 30.08.2017 (среда), во 11:30 часот.

Студентите на коишто им се совпаѓа полагањето на ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ по двата предмети, прво на ден 30.08.2017 (среда) во 11:30 часот ќе го полагаат само ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ по БАЗИ НА ПОДАТОЦИ, а еден ден подоцна - на 31.08.2017 (четврток) во 11:30 часот ќе го полагаат ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ по ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ.


03 Јули 2017

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека втор рок за пријавување на испитите за септемврискиот испитен рок ќе биде на 10.08.2017 год. и 11.08.2017 год.


03 Јули 2017

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС (ДОДИПЛОМСКИ) СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Систем за електронско спроведување уписи на УКЛО

Секој заинтересиран кандидат за пријавување и запишување на некој од факултетите и високата школа на УКЛО треба да се најави на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни комплетната пријава. Потоа на денот на уписите се доставуваат документите заедно со бројот од електронската апликација.

симни документ


12 Јуни 2017

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 19.06.2017 год. до 21.06.2017 год. 


31 Мај 2017

Консултации по предметите Маркетинг и Маркетинг на услужни дејности на 01.06.2017 г. (четврток) во 10 часот


23 Мај 2017

 Соопштение

Усниот испит е задолжителен за сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

Усниот испит ќе се одржи во вторник 30.05.2017г. во кабинетот за странски јазици по следниот распоред:

Деловен англиски јазик 1 и Англиски јазик 3 – 08:30ч. 

Деловен англиски јазик 2 – 09:00ч.

Студентите кои имаат потреба од консултации или увид во тестовите можат да се јават во следниот термин: 26.05.2017 (петок) од 10:00-11:00ч.


19 Мај 2017

СООПШТЕНИЕ

Предметите во Јунскиот испитен рок закажани за 02.06.2017 год. (петок) ќе се одржат на 16.06.2017 год. (петок) во истите временски термини ( 09:30h или 11:30h) како првично закажаните временски термини.


09 Мај 2017

НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, Комисијата за самоевалуација на Универзитетот, студенти, надворешни чинители, како и одвоени посети на неколку единици на Универзитетот.

Втората посета на тимот е закажана во периодот од 16 до 19 октомври, 2017 година.

© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2017. Сите права задржани.