За идните студенти

ТРАДИЦИЈА - ПЕРСПЕКТИВА - УСПЕХ


Економски факултет - Прилеп

Што конкретно Ви нуди Економскиот факултет - Прилеп ?

Факултетот Ви нуди современи студиски програми, дизајнирани според европските стандарди во високото образование. Секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот, и едукација на профил на кадар во согласност со апсорпциската моќ и потребите на пазарот на работна сила во Република Македонија. Во зависност од Вашите афинитети и визии за иднината, можете да изберете една од следните студиски програми :  

 

1. Е-бизнис (4+1) – оваа студиска програма обезбедува стекнување знаења од областа на менаџментот со информации и реализацијата бизнис активности по ектронски пат;


2. Бизнис администрација - менаџмент (3+2) – оваа студиска програма обезбедува стекнување знаења со кои ќе бидете способни успешно да менаџирате со бизнис операциите;


3. Сметководство, финансии и ревизија (4+1) – оваа студиска програма ви нуди квалитетни и практично применливи знаења, доколку сакате да станете стручњак за финансии , сметководство и ревизија;


4. Меѓународна економија и бизнис (4+1) – оваа студиска програма ќе ве специјализира во областа на меѓународната трговија и финансии со што успешно ќе се вклучите во меѓународниот бизнис и меѓународните економски односи;


5. Маркетинг менаџмент (4+1) – оваа студиска програма ќе ви понуди знаења и вештини коишто ќе ве оспособат успешно да менаџирате со маркетинг активностите во компаниите;


6. Бизнис информатика (3+2) – оваа студиска програма нуди знаења за примена на современите информациски технологии во управувањето и оптимизирањето на бизнис процесите;


7. Финансиски менаџмент (3+2) – оваа студиска програма нуди знаења од областа на управувањето со финансиските ресурси во компаниите.

 

БРОШУРА НА СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА АКАДЕМСКА 2011/2012 ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС

ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ АКАДЕМСКА 2011/2012

ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ АКАДЕМСКА 2011/2012 Е-Бизнис

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

ЛИСТА НА ЕКСТЕРНИ И ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА

 

 

Економскиот факултет - Прилеп Ви нуди можности за натамошен професионален развој и усовршување преку организирање и на современи и атрактивни студиски програми на последипломските студии. 

Кои се нашите перформанси ?

  1. Долга и успешна традициј
  2. Акредитирана високообразовна институција
  3. Професорски кадар од земјата и странство
  4. Европски Кредит Трансфер Систем
  5. Современа организација на наставата и целокупното работење на Факултетот
  6. Современи амфитеатри и предавални со извонредни услови за изведување настава со квалитетна компјутерска и аудио - визуелна опрема, со капацитет од 1800 седишта
  7. Современ компјутерски центар со 150 компјутерски седишта и три работни простории
  8. Богата библиотека и пространа читална
  9. Развиена меѓународна соработка
  10. Интернет клуб со бесплатен интернет пристап
  11. Обезбедена практична работа во реномирани компании
  12. Мобилност и размена на студенти, стипендии, награди и ослободување од партиципација
  13. Можности за учество во конкретни научно-истражувачки проекти
  14. Организирање на професионален развој и денови на кариерата
  15. Можности за учество на студентите во меѓународни летни школи, економијади и сл.


Ве очекуваме.

Придружете ни се.

Заедно да победуваме и да ја освојуваме иднината !

Следни испити

Февруари/Март
П В С Ч П С Н
20212223242526
2728291234
567891011
12131415161718
19202122232425
сите

СООПШТЕНИЈА

22 Февруари 2012

ТЕОРИЈА НА ТРОШОЦИ И ЦЕНИ И СМЕТКОВОДСТВЕН МЕНАЏМЕНТ - ОЦЕНКИ

повеќе

22 Февруари 2012

Електронско банкарство

Студентите кои го имаат избрано предметот Електронско банкарство за да го слушаат во летниот семестар 2011/2012 год., да се јават кај доц. д-р Марјан Ангелески најдоцна до 24.02.2012 год. (петок).

повеќе

15 Февруари 2012

Групи за реализација на вежби - прва година

повеќе
сите документи