Активности

Научноистражувачка работа

Преку научноистражувачката работа, Факултетот учествува во изготвување на фундаментални, развојни и применувачки проекти. Притоа, интересот за разрешување на прашањата е лоциран во сферата на макроекономската политика, општествено-економските односи, финансиите и банкарството, маркетингот, менаџментот, организацијата на претпријатијата и деловните субјекти, сметководството, планирањето, информатиката, квантитативните истражувања, пазарот, применетата економија и тн.

Научни собири, советувања, трибини

Како организатор или како соорганизатор, Факултетот го дава својот придонес и на низа научни собири, советувања, трибини и сл. Поттикнувајќи расправа или учествувајќи во дијалозите за повеќе актуелни теми од општествено-економскиот и политичиот живот на земјата, Факултетот ја афирмира и развива економската мисла најчесто во соработка со Економскиот факултет-Скопје, Економскиот институт-Скопје, Стопанската комора, ДНУ-Прилеп и тн

Соработка со други универзитети и факултети

Економскиот факултет - Прилеп, континуирано и со сe поголем интензитет и ширина, остварува богата и тесна соработка со повеќе универзитети и факултети во земјата и странство. Меѓународната соработка Факултетот ја остварува непосредно или преку Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола (чија членка е).
   Така, Економскиот факултет - Прилеп досега има воспоставено соработка со Државните универзитети од Аризона и Флорида (САД), универзитетите во Софија и Благоевград (Р. Бугарија), и со повеќе универзитети и факултети во СР Југославија, Р. Словенија, Р. Грција, Р. Турција и Р. Украина и тн.
   Претходното недвосмислено зборува за стратешката ориентација на Економскиот факултет - Прилеп за негово целосно отворање, прифаќање и примена на светските образовни и научно-истражувачки стандарди во неговото работење.

Листа на факултети со кои Економскиот факултет - Прилеп соработува

Издавачка дејност

Еден дел од резултатите што произлегуваат од научноистражувачката и наставно-образовната работа се објавуваат во разни монографски или периодични публикации и на таков начин и се презентираат на пошироката јавност. Таква публикација е и Годишникот на Факултетот, којшто се издава над петнаест години.
Својата издавачка презентација Факултетот ја остварува најчесто самостојно, но и во соработка со другите издавачи од земјата.

Проекти

Меѓународни проекти:
· Развивање систем за оценка на квалитетот на високото образование на универзитетите во Македонија, Tempus, Phare
· Модернизација на јавната администрација и јавната политика во Република Македонија, Tempus, Phare· Евалуација на високообразовните установи на Република Македонија
· Модернизација на административните услуги на универзитетите во Битола и Скопје
· Отворање Факултет за европски студии, Универзитет “ Св. Кирил и Методиј” - Скопје
· Проект за социо – економски развој од поголеми размери – компонента 4, Министерство за финансии на Република Македонија
· Проект граѓанско образование – Поддршка на високото образование во општествените науки во Република Македонија.

Исто така, кон крајот на 2002 година Факултетот аплицираше за учество во следниве проекти:
· Развој на отворен систем за далечинско учење за јавна администрација - предложен од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања - Скопје;
· Надградување курикулуми за селектирани економски профили – предложен од Економскиот факултет - Београд;
· Право на индустриска сопственост во ЕУ – формирање институција предложен од Правен факултет - Скопје;
· Е–bussines менаџмент во Економскиот факултет –Скопје
· Менаџмент и е-bussines образование во студиите за компјутери – предложен од Природно – математички факултет - Скопје
· Континуирано образование за европски студии
· Курсеви за обука за формирање институции – CEDEF -Франција
· Физибилити студија за развој на технолошки парк во Битола, предложен од експерти за технолошки парк од Грција;
· Воспоставување канцеларија за меѓународни односи- Технички факултет – Битола.

Конференции

Меѓународна конференција 2005

Меѓународна конференција 2007 - 

 

Следни испити

Февруари/Март
П В С Ч П С Н
20212223242526
2728291234
567891011
12131415161718
19202122232425
сите

СООПШТЕНИЈА

22 Февруари 2012

ТЕОРИЈА НА ТРОШОЦИ И ЦЕНИ И СМЕТКОВОДСТВЕН МЕНАЏМЕНТ - ОЦЕНКИ

повеќе

22 Февруари 2012

Електронско банкарство

Студентите кои го имаат избрано предметот Електронско банкарство за да го слушаат во летниот семестар 2011/2012 год., да се јават кај доц. д-р Марјан Ангелески најдоцна до 24.02.2012 год. (петок).

повеќе

15 Февруари 2012

Групи за реализација на вежби - прва година

повеќе
сите документи