Компјутерски училници
Напорите на Факултетот за следење на западните стандарди од информатичката едукација се реализирани преку компјутерскиот центар, којшто располага со современа компјутерска техника. На овој начин Факултетот се вброи во најопремените факултети со можност за примена на уникатни форми и содржини во информатичката обука на студентите.
Компјутерската училница има големо значење и при демонстрацијата на низа програмски апликации за потребите на другите наставни дисциплини а исто така и за потребите на други субјекти надвор од Факултетот.
Универзитетскиот информативен систем го интегрира Факултетот со останатите членки на Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола. Во Факултетот е обезбеден постојан пристап до интернет кого што студентите можат да го користат во образовниот процес за проширување на своите знаења, како од информатиката, така и од другите области.
Во тој контекст, компјутерите и информатиката се составен дел на животот на Факултетот и можност за полесно прифаќање и прилагодување на промените што ги раѓа иднината.
Со отворањето на новата компјутерска училница во текот на 2001 година, којашто располага со три посебни простории за работа на студентите и со современа опрема, Економскиот факултет - Прилеп натаму ги подобри и прошири своите перформанси во овој домен.
Факултетот располага со 150 компјутери распределени во две современо опремени училници, интернет клуб и кабинети од наставно научниот кадар. Сите компјутери се поврзани во локална компјутерска мрежа. Компјутерската мрежа кон Интернет е поврзана преку три линкови со вкупен проток од 2 Мbit/sec. Овие линкови обезбедуваат непречена квалитетна Интернет врска.
Во училниците се изведува настава и вежби по голем број на предмети. Училниците се користат од страна на студентите за да ги припремаат своите домашни и семинарски работи во предвидените термини за тоа.
Следни испити
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 1 | 2 | 3 | 4 |
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
СООПШТЕНИЈА
22 Февруари 2012
ТЕОРИЈА НА ТРОШОЦИ И ЦЕНИ И СМЕТКОВОДСТВЕН МЕНАЏМЕНТ - ОЦЕНКИ
повеќе22 Февруари 2012
Електронско банкарство
Студентите кои го имаат избрано предметот Електронско банкарство за да го слушаат во летниот семестар 2011/2012 год., да се јават кај доц. д-р Марјан Ангелески најдоцна до 24.02.2012 год. (петок).
повеќе15 Февруари 2012
Групи за реализација на вежби - прва година
повеќе

