Капацитети

На површина од  3280 м2, Економскиот факултет е лоциран на 350 метри од студентскиот дом „Народен херој Орде Чопела“ и на 1.6 км од центарот на Прилеп. Предавањата се одвиваат во пет амфитеатри со капацитет од 1300 седишта и осум предавални со капацитет од 300 седишта.

Практичната настава се реализира во две предавални со 30 компјутери и една современа видео конференциска сала со 24 компјутери. Сите предавални се опремени со најсовремена мултимедијална опрема за изведување на наставата.

Факултетот располага со пространа читална и библиотека, која што е снабдена со специјализиран книжен фонд од економската област. Исто така, библиотеката располага и со богат фонд на списанија, а како задолжителен примерок се магистерските трудови и докторските дисертации, што чинат своевидна збирка на Факултетот.

На студентитет им е на располагање и Wi-Fi мрежа, интернет, а во рамките на Факултетот функционира и студентско бифе.


© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.