Центар за научно-истражувачка работа

Програма на Центарот за научно-истражувачка работа на Економски факултет-Прилеп


Факултетот ја извршува научно-истражувачката дејност како интегрален дел на својата вкупна дејност.

Научно-истражувачката дејност е творечка работа чии резултати во себе содржат изворност или новина, насочена кон проширување на вкупните знаења во областа на економијата и нејзината примена, а со цел да се прошири материјалната основа на општеството и да се развијат општествено-економските односи.

Научно-истражувачката дејност на Факултетот организациски се реализира преку Центар за научноистражувачка работа, што претставува посебна организациска единица во Факултетот.

Во рамките на Центарот за научно-истражувачка работа за двегодишниот период (2010/11 и 2011/12) планирани се следниве активности:

- Поттикнување на Катедрите на Факултетот за организирање на brain storming сесии преку кои би се дијагностицирале актуелните проблеми во соодветните области;

- Изработување нацрт-проекти за дијагностицирани проблеми преку работни тимови во рамките на Катедрите на Факултетот;

- Изработување интердисциплинарни проекти преку посебен оддел во центарот за „пост-транзициски феномени“ којшто би претендирал да даде посебен белег на Центарот во рамките на меѓународните проекти;

- Следење на активностите во врска со постоечките истражувачки програми (ФП7, ТЕМПУС, Министерство за образование и наука и сл.) и подготвување апликации за конкурирање врз основа на нацрт-проектите;

- Воспоставување и одржување контакти со други универзитети во Република Македонија и регионот на Југоисточна Европа за отпочнување заеднички научно-истражувачки проекти;

- Користење на истражувачките искуства од универзитетите во развиените земји и поканување предавачи-гости за пренесување на сознанијата од областите кои се од интерес за Факултетот;

- Организирање симпозиуми, советувања и тркалезни маси со цел дисеминација на резултатите од истражувачките проекти;

- Креирање на стручно списание кое би се публикувало на електронски начин преку интернет страната на факултетот;

- Претплата на неколку реномирани стручни списанија од области што се од клучно значење за научно-истражувачката дејност во факултетот;

- Изработување на апликативни проекти, како и организирање предавања и обуки за потребите на бизнис заедницата;

- Вклучување на студентите (особено од втор и трет циклус) во научно-истражувачките проекти, како основа за изработување на семинарски работи и магистерски/докторски трудови;

- Изработување на заштитно лого на центарот за научно-истражувачка работа;

 

Доц. д-р Димитар Николоски

Раководител на Центарот за научно-истражувачка работа

Следни испити

Февруари/Март
П В С Ч П С Н
20212223242526
2728291234
567891011
12131415161718
19202122232425
сите

СООПШТЕНИЈА

22 Февруари 2012

ТЕОРИЈА НА ТРОШОЦИ И ЦЕНИ И СМЕТКОВОДСТВЕН МЕНАЏМЕНТ - ОЦЕНКИ

повеќе

22 Февруари 2012

Електронско банкарство

Студентите кои го имаат избрано предметот Електронско банкарство за да го слушаат во летниот семестар 2011/2012 год., да се јават кај доц. д-р Марјан Ангелески најдоцна до 24.02.2012 год. (петок).

повеќе

15 Февруари 2012

Групи за реализација на вежби - прва година

повеќе
сите документи