доц. д-р Љупче Маркушески



Кабинет 3 Локак 131 Дир. телефон 048 427 020 Email ljmarkusoski@t-home.mk Консултации Вторник и четврток од 10.00 до 12.00 часот

Биографија

Љупче Маркушески е роден на 12.02.1962 год. во Прилеп. Основното образование тој го завршува во Прилеп, каде што завршува и средно образование во економското училиште “Кузман Јосифоски - Питу”, со одличен успех. По завршувањето на средното образование, во учебната 1981/82 год., тој се запишува на Економскиот факултет-Прилеп на статистичко-кибернетската насока каде што дипломира септември 1985 год., со просечна оценка од 8,83. Како резултат на постигнатите успеси во текот на додипломското студирање, тој има добиено пофалница за најдобар студент на генерацијата, а како студент на четврта година  беше избран за демонстратор по предметите:

  • квантитативни методи I,
  • квантитативни методи II.

 Во учебната 1990/91 год. тој се запишува на последипломскиот студиум Управување со економските системи на Економски факултет – Прилеп и студиите ги завршува со просечна оценка 8,75.  Магистерскиот труд, на тема " Оптимизација на техлошките процеси во деловните системи "  со успех го одбранува на Економскиот факултет-Прилеп во 2004 год. Исто така, на Економски факултет- Прилеп на 22.04.2010 год., тој успешно ја одбранува докторската дисертација, на тема "Дизајнирање на компонентите на потсистемот за управување со модели во функција на ефикасно деловно одлучување ".

Од 01.11.1987 до 14.01.1994 год. Љупче Маркушески е ангажиран како помлад асистент на Економскиот факултет – Прилеп, на група предмети на Катедрата за математика, статистика и кибернетика. Во два изборни мандата тој беше секретар на Катедрата за математика, статистика и кибернетика.

За учебните 2000/01, 2001/02 и 2002/03 год. тој беше ангажиран како демонстратор по предметите:

  • моделирање на економските појави и процеси,
  • статистика на алеаторни променливи,
  • кибернетска организација на управување во претпријатијата,
  • економска кибернетика, а

за учебните 2003/04 и 2004/05 год., беше ангажиран како демонстратор по предметите:

  • моделирање на економските појави и процеси,
  • статистика на алеаторни променливи,
  • теорија на извадоци и планирање на експерименти.

 На 16.07.2008 год.кандидатот е избран за соработник на група предмети од деловната статистика, а на 23.03.2011 год., тој беше реизбран за соработник на истата група предмети.

На 15.08.2013 год е избран за наставник во звање доцент од областите економска математика и математичко моделирање.

            Тој има учествувано на повеќе меѓународни конференции со презентација на  своите научни трудови, што се потврдени со сертификати за активно учество на тие конференции.

© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2017. Сите права задржани.