вон. проф. д-р Моника Ангелоска - Дичовска

Биографија

Моника Ангелоска-Дичовска е родена на 31.05.1979 година во Битола. Средно економско образование завршила во Битола, а дипломирала во 2003 година на  Економски факултет - Прилеп при Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола. Постдипломските студии ги продолжила на истиот факултет, каде што на 10 ноември 2009година го одбранила магистерскиот труд   и се стекнала со звање магистер по меѓународна економија и бизнис. Докторската дисертација ја пријавила на Економски институт во Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во 2011 година, на тема „Однесување на интернет потрошувачите и стратегискиот пристап во електронскиот бизнис“, и успешно ја одбранила на 11 ноември 2014 година, при што се стекнала со научен степен доктор на економски науки.

Моника Ангелоска - Дичовска, ги изведувала практичните вежби по предметот информациона техника и технологија на Економски факултет во Прилеп  во 1999/2000 година,  за време на нејзините додипломски студии, како демонстратор. Нејзината активна академска кариера ја започнува во 2007 година како помлад асистент на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, Универзите Св. Климент Охридски Битола  каде работи до 2014 година. Од септември 2014 академската кариера ја продолжува на Економски факултет Прилеп, каде во 2015 е избрана во доцент во областа менаџмент и бизнис. Поконкретно, таа е предметен професор на Иновациски менаџмент, Вовед во бизнис, Бизнис планирање (прв циклус на  студии), стратегиски менаџмент (втор циклус на студии)  и на предметот Корпорациски иновации и меѓународен бизнис (трет циклус на студии). 

Повеќе на https://www.linkedin.com/in/monika-angeloska-dichovska-60267530/

Трудови и конф.

https://www.linkedin.com/in/monika-angeloska-dichovska-60267530/

Др. активности

https://www.linkedin.com/in/monika-angeloska-dichovska-60267530/

© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.