Соопштенија


21 Јануари 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ МОДУЛ НА IKNOW СИСТЕМОТ

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека финансискиот модул на iKnow системот е во функција, со што се овозможува целосна покриеност на можноста за плаќање на финансиските задолжување на студентите. Во финансикиот модул на iKnow системот за секој студент се генерираат соодветни задолжувања и студентот може во персоналната кошничка да избере кои од нив сака да ги плати преку интернет со платежна картичка.

На овој начин се овозможува поедноставно и полесно реализирање на обврските на современ и сигурен начин.

Економски факултет-Прилеп


21 Јануари 2021

Им се соопштува на студентите од четврта студиска година дека испитот по ЕРП системи во фавруарски испитен рок е презакажан за 11.02.2021 година во 9:30 часот.


15 Јануари 2021

Им се соопштува на студентите од ВТОР ЦИКЛУС дека пријавувањата на испити за јануарскиот испитен рок  во академската 2020/2021 год. ќе бидат од 25.01.2021 до 29.01.2021 год. За закаснетото пријавување на испитите или пријавување на денот на испитот се подмирува казна од 400 ден.


12 Јануари 2021

Почитувани,

 

На 14.01.2021 година во 14 часот ќе се одржи јавна онлајн одбрана на дипломски труд на апсолвентката Јасмина Зијадиќ, на тема Деловна комуникација во банки за аквизиција на нови клиенти, по предметот деловно комуницирање.

Отворениот линк за присуство на дипломската ќе биде доставен во ова соопштение навремено и јавно еден час пред одбраната. 

https://meet.google.com/qgs-dgsd-ett



11 Јануари 2021

Им се соопштува на редовните студенти од прва година запишани во академската 2020/2021 год.  да извршат задолжителен систематски преглед по следниов распоред:

- на ден 20.01.2021 г. студентите со досие бр. 01 до 30

- на ден 21.01.2021 г. студентите со досие бр. 31 до 60

- на ден 22.01.2021 г. студентите со досие бр. 61 до 86

Придржувањето кон распоредот е задолжително.

Прегледите ќе се обават  во Здравствен дом Прилеп во соба број 51. При тоа студентите со себе да носат индекс и здравствена легитимација (задолжително).

Систематскиот преглед е задолжителен и без извршување на истиот нема да биде возможно упис на втор семестар.

08.01.2021 год.                        Економски факултет - Прилеп

 


11 Јануари 2021

Им се соопштува на студентите од трет циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп дека пријавување на испитите за февруарскиот испитен рок ќе се врши во периодот од 15.01.2021 до 22.01.2021 година. 


23 Декември 2020

Одлука за прием на кандидати за трет циклус – докторски студии во третиот уписен рок во академската 2020/2021 година на Економски факултет – Прилеп на студиската програма меѓународен бизнис.

симни документ


22 Декември 2020

Прелиминарна листа на кандидати за трет циклус – докторски студии во третиот уписен рок во академската 2020/2021 година на Економски факултет – Прилеп 

симни документ


19 Декември 2020

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавување на испитите за февруарскиот испитен рок ќе биди во периодот од:

 -      Од 11.01.2021 год до 15.01.2021год

 Студентите кои немат да се придржуваат кон односниот период ќе се изложат на дополнителни трошоци.

Испитите можат да се пријават и електронски преку IKNOW системот но задолжтелно да се достави и хартиена пријава до денот на полагање.


01 Декември 2020

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА ЗА ТРЕТ УПИСЕН РОК

симни документ

| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2024. Сите права задржани.